Во сообраќајна несреќа меѓу два автобуса на "Уни турс", кои превезувале ученици и студенти на патот Прилеп - Битола, единаесет деца се здобиле со лесни повреди. Сообраќајката се случила вчераутрото во 7,10 часот.
На местото на сообраќајката веднаш пристигнала итната медицинска помош и повредените биле однесени во Прилепската болница, од каде што, по укажаната лекарска помош, со гребаници и модринки биле пуштени дома.
До несреќата дошло кога првиот од двата прилепски автобуса нагло закочил оти пред него излегол трактор, а вториот автобус ја загубил контролата, удрил во првиот и го зафатил браникот на патот.
"Не сме многу повредени, ама се уште сум под стрес. Седев на задното седиште кога почувствував силен удар. Сите бевме преплашени.Слеговме и видовме дека има повредени. Некои рекоа дека другиот автобус сакал да го престаса нашиот, но не можеше оти нагло закочи и се судрија", вознемирено вели студентот Стефче Мирчески.
"Уште стравот ми е в коски, не сум повредена, ама не стигнав на испит", вели Маријана Маџар.
Slikata e prevzemena od
www.vest.com.mk
Eve moi sliki slikani so mobilniot:
