Mislim da je sad OK
Најстариот автобус, кој го поседува ЈСП Скопје има четириесет и три години и се наоѓа во седиштето на компанијата. Од ЈСП за телевизијата 24 велат дека ќе го пуштат повторно во употреба.
Автобусот има 43 години и е произведен во 1969 година, марка Лејладн тип 680, со 23 места за седење и 77 места за стоење. Она што го прави поразличен од другите е неговото брендирање со мотивите од Старо Скопје. Автобусот се наоѓа во одлична возна состојба и откако ќе се обнови возниот парк и тој ќе биде пуштен во употреба, јавува 24 вести.
„Најстариот автобус има ретро дизјан и е сеуште во возна состојба, ќе се пушти во сообраќајкај кога ќе има комплетна обнова на возниот парк, само тој да е еден од постарите, тој е 40 години стар лејланд автобус, кој интересно изгледа брендиран и облепен со мотиви од старо Скопје. Ќе настојуваме тој да ротира, да поминува и опфаќа поголем дел од градот да го видат поголем дел од граѓаните.
- Тој пред 3-4 години е исклучен од сообраќај , се покажал квалитетен - ние го одржуваме“, изјави за 24 Вести, Мишо Николовски – директор на ЈСП.
Освен овој автобус во станицата во Ѓорче Петров од сега ќе се одвојува простор во кој ќе бидат изложени сите примероци на авотбуси кои ги имало досега. Само пред една недела во земјава допатуваа и нови 68 двокатни авотбуси кои ќе бидат наскоро вклучени во сообраќајот.
Mercedes-Benz. The best or nothing.