Атмосферата до точка на вриење. Македонските навивачи пристигнаа во Гетеборг, Шведска.stigna500
Скоро 45 часа беа потребни за мисијата на овие поддржувачи на ракометот.
Осум автобуси полни до последно столче, патуваа речиси два дена и два ноќи да пристигнат до местото каде ќе ги бодрат ракометарите да обезбедат квалификации за претстојната Олимпијада.
laze-500
Владата на Република Македонија, со поддршка на спонзори и пријатели на ракометот обезбеди 500 влезници за сите три натпревари кои ни претстојат. Освен тоа за 100-те членови на навивачките групи и за 400 навивачи избрани на лотарија обезбедија превоз и хотелско сместување.
Во групата која тргна на долг пат со убава цел се приклучи и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.
navivaci-geteborg2-500
Во средата наутро навивачите тргнаа во победнични поход од скопската автобуска станица. Во секоја од земјите каде поминаа оставија свој белег, својствен за македонското навивање кое како бренд го промовиравме на последните првенства.
navivaci-geteborg3-500
Со развиени македонски знамиња, слики од своите херои и подготвени за гласно навивање, македонските навивачи без сомнение по пат покажаа добра култура и примерно однесување. Сплотени во една цел- заедно да бидеме гласот на поддршка за машката ракометна репрезентација.
Среде Германија се пееше „Бисер балкански“, во Чешка „Македонија навива за вас“.
navivaci-geteborg-500
Во пресрет на денешниот натпревар, на навивачите желни за победа, не им треба одмор.
navivaci-geteborg4-500
Тргнавме и пристигнавме за нив- за 16-те момци кои се составен дел од тимот во кој ни се вперени сите надежи за од близу да го видиме олимпискиот факел.
Izvor>
KURIR