Sigurno e vo nivni avtobus
http://www.time.mk/read/b64c291ef5/dc7f5d563d/index.html
Цариниците на преминот Табановце викендов пронашле 450 живи желки во автобус на охридски превозник, кој сообраќал на линијата Охрид - Белград
Желките, долги четири сантиметри, биле откриени во патничка торба, сместена меѓу првите седишта на автобусот во просторот за патници.
Нивната вредност била проценета на 81.000 денари.
Автобусот на граничниот премин на македонско-српската граница пристигнал во саботата вечер. По претресот на автобусот била најдена платнената торба со невообичаена содржина. Едниот од возачите рекол дека торбата ја презел на попатна станица во Скопје од непознато лице, кое го замолило да ја пренесе до Белград.
Желките биле предадени на Зоолошката градина во Скопје за утврдување на видот и нивната категоризација. Против возачот на автобусот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.